612
ВМРО-ДПМНЕ утре излегува на нови антивладини протести против, како што велат, продажбата на државата.
Протест ќе има во 11 града и ќе се бара оставка од премиерот Зоран Заев.
-Народот се буди и нема назад. Срамот на Зоран Заев не е заеднички. Да не дозволиме Зоран Заев да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните утре во 18:00 часот на протест во 11 градови. Време е граѓаните на Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар да се обединат против злото наречено Зоран Заев. Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот, се вели во повикот на ВМРО-ДПМНЕ.