ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес конференција на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Во соопштението на владејачката партија се вели дека устата на Радмила Шекеринска била полна со манипулации, а ја немало да одговори што нејзината партија направила за дигнитетот на македонскиот граѓанин во времето кога била на власт.
-Даки Шекеринска беше загрижена кога близу 200 000 работници ги изгубија работните места во време на владеењето на СДСМ, а скоро толку фамилии останаа без парче леб. Дали Шекеринска чувствуваше загриженост кога народот осиромашуваше, а елитата од СДСМ ја распродаваше Македонија. Тогаш немаше мерка која можеше да ја измери сиромаштијата во државата, понатаму пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно денеска, Радмила Шекеринска одржа прес конференција во која истакна дека Партијата на европските социјалисти усвоила декларација со која ја повикала македонската влада да ги почитува основните демократски вредности и дека Никола Груевски правел пуч врз Република Македонија со окупирање на институциите.