Меркел и Оланд отидоа на гости кај Путин за да го запрат крвопролевањето во Украина

by Фокус

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Франсоа Оланд, денеска се сретнаа со рускиот претседател, Владимир Путин, за да му предложат мировен план за конфликтот во Украина. Овие преговори се од особено значење, затоа што во конфликтот во источна Украина досега загинаа повеќе од 5000 луѓе, според официјалните податоци на Обединетите нации.

Вчера, пак, Меркел и Оланд се сретнаа и со украинскиот претседател, Петро Порошенко, со кого и го подготвија мировниот план кој денеска треба да му го презентираат на Владимир Путин.

Преговорите на лидерите од ЕУ и рускиот претседател доаѓаат откако некои од западните медиуми известија дека Русија ги опремувала со оружје руските сепаратисти во источна Украина, обвинение кое го демантираше Русија, и најавите од Соединетите Американски Држави дека ќе ја вооружат Украина.

Поврзани новости