ВМРО-ДПМНЕ: Уште колку животи треба да згаснат за Спасовски да се повлече од министерската фотеља?

by Fokus

Младиот Јанушев во петокот беше брутално ликвидиран пред кафуле, на улица, пред очевидци и минувачи, а никој не понесува одговорност. Убиецот се шета на слобода, исто како и тие што му помагаат и веќе шести ден е засолнет и бара алиби, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, кои бараат одговорност од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Како што целата јавност ги знае имињата на убиецот и неговите помагачи, така ги знае и полицијата. Нема некој што не ја знае нивната блискост со актуелната власт и со криминалните кругови блиски до Заев и раководството на СДС. Оттука се поставуваат неколку прашања, кој му помага на убиецот да бега од правдата? Ќе има ли одговорност и уште колку млади животи треба да згаснат за Спасовски да им се извини на граѓаните и да се повлече од функцијата? Зошто не е распишана потерница по убиецот, ако знаеме дека при убиството во околината имало неколку очевидци, но и објекти кои се под видео надзор? Постојат индиции дека убиецот ја има преминато границата, кој му го овозможи тоа, кога и на кој граничен премин? – обвини Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости