Сугарески: Владата и кинезите до крајот на јануари да завршат со преговорите за изградба на автопатот Кичево-Охрид

by Fokus

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува Владата и кинески „Синохидро“ до крајот на јануари да ги завршат преговорите утврдување нов рок и дополнителни финансии за изградба на автопатот Кичево – Охрид.

– Договорот кој го склучила претходната Влада е автопатот да биде изграден до 31 јануари 2018 година. Ние сметаме дека е добро дотогаш Владата и ЈП за државни патишта да склучат анекс договор за продолжување на рокот и дотогаш да биде утврдена дополнителната цена за да се догради автопатот – истакна Сугарески.

Поврзани новости