ВМРО-ДПМНЕ: Целата паника се користи за ослободување на инволвираните во случајот „Рекет“.

by Fokus

Пандемијата коси низ Македонија, граѓаните ги трпат последиците од мерките, а СДСМ ја злоупотребува вонредната состојба. Нема соодветна заштита за медицинскиот персонал и за граѓаните, недостасува сеопфатно тестирање, а функционерите на СДСМ се однесуваат како шерифи, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Единствено нешто што функционира се огласите за времени вработувања и парите кои се слеваат кај партиските послушници.Граѓаните се прашуваат дали власта се наоѓа во состојба на епидемија и криза или во политичка кампања. Советник на СДСМ во полициски час си тераше партиска кампања, а директор си објавуваше фотографии како со друштво прославува. Републичкиот штаб нема информации дека општински штаб е тестиран заради сомненија дека членовите се инфицирани и само заради пропаганда одржува состанок под ризик да ја рашири заразата. Протоколите се игнорираат, а заради внатрепартиски битки се игнорираат и барањата на општинските штабови, велат од опозицијата.

Според нив целата паника се користи за ослободување на инволвираните во случајот „Рекет“.

-Државата е во хаос и дополнително ќе ја заглават на долг рок. Рецесијата е започната, пари нема за бизнисите, граѓаните се исплашени за својата егзистенција, а власта нелогично ќе ја спасува олигархијата од пропаст. Додека во светот и во европските земји владите носат сериозни мерки за заштита на граѓаните и стопанството, претставниците на власта во Македонија се натпреваруваат кој повеќе пресови ќе направи за да бидат „популарни“ и видени. Со ваков популизам и неспособност пати народот и државата која што е во колапс, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости