368
Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска на Денот на правосудството истакна дека владата на САД верува оти независното судство претставува камен-темелник на современата демократија.
-Граѓаните имаат огромни очекувања, сакаат силно судство кое ќе обезбеди фер и праведно судење и ќе побара одговорност од виновниците. Да ги поддржиме судиите кои ќе се спротивстават на притисоците однадвор и ќе постапуваат кон сите еднакво според законот и нема да подлежат на притисоци од политиката. Ќе има пречки на овој пат, дури и во САД има луѓе што вршат опструкција на правдата, но судиите се тие кои ќе покажат компетенција и ќе ја стекнат довербата кај граѓаните – рече Бејли.