ВМРО-ДПМНЕ: Судовите да не учествуваат во политички монтираниот случај за тероризам против патриотите што се бореа за државата

by Fokus

„Во интерес на демократијата и владеењето на правото, судовите не треба да бидат соизвршители на политички монтираниот случај за тероризам против десетици граѓани во врска со настаните од 27-ми април, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Судската власт треба да биде гарант на законитоста во кривичните постапки, а не алатка во процесот на политичка пресметка. Апсурдноста на делото кои им се става на товар на десетици македонски патриоти е вон секоја правна логика. Целиот процес е конструкција и не и служи на правдата, туку на политиката. Судот како орган кој ја донесува одлуката, не смее да остане нем на прекршувањата во постапката кои ги нотираше Народниот правобранител. Судот не смее да ги занемари ни фактите дека притворените се лишени од основните права кои им се гарантираат со закон, како што неколкукратно информираа медиумите“ – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости