ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски само навидум се спаси

by fokus

Оливер Спасовски е навидум само спасен од кривична одговорност за ограничени слободи и права на над 40.000 граѓани на кои не им издале лична карта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако Владата го одобри подзаконскиот пропис усогласен со Законот за лична карта и со Законот за употреба на јазиците, со што од утре продолжува печатењето и издавањето лични карти.

„Оливер Спасовски не може да побегне од одговорноста што со месеци десетици илјади граѓани не можат да си ги остварат своите секојдневни обврски, да учествуваат во правниот промет, да подигнат или да испратат пари во банка. Десетици илјади граѓани заради Оливер Спасовски беа оставени на маргините на системот. После 30 години откако Македонија е независна се случи системот да не функционира. Крах на системот немало ниту во транзицијата, ниту 2001 година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости