ВМРО-ДПМНЕ денеска објави предлог решение за излез од кризата, спакувани во еден, како што велат, надпартиски договор.
Тој содржи пет точки, за кои партијата ќе бара согласност од сите партии. Прв услов на договорот е сите партии да се согласат коалицирањето „победник со победник да остане пракса.
Понатаму, од ДПМНЕ ќе бараат отфрлање на албанската платформа и “внатрешно обединување против вмешување во внатрешните работи на Република Македонија, од страна на странски политичари или држави”
Од партијата ќе бараат партиите да се изјаснат дали претседател на Собранието би бил од победничката партија или ќе биде предмет на прегласување.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив за СДСМ, од каде порачаа дека главните виновници за кризата не можат да бидат дел од решението. Социјалдемократите им порачаа на ДПМНЕ да се помират со поразот и мирно да преминат во опозиција.