Флекенштајн: Никој во ЕУ не го поддржува Груевски

by fokus

Пратеникот од редовите на европските социјал-демократи во Европскиот парламент и еден од тројцата европратеници кои посредуваат за решавање на кризата во Македонија, Кнут Флекенштајн, денеска уште еднаш повика да му се даде мандатот за формирање на влада на партиите кои обезбедија мнозинство во парламентот.

Тој потенцираше дека со 67 потписи кои ги обезбеди СДСМ има право да формира влада, но дека ВМРО-ДПМНЕ не планира да дозволи демократско трансферирање на власта. Европратеникот остро ја критикуваше политиката Никола Груевски, за која вели дека не ја поддржува никој во ЕУ, ниту европските сестрински партии на ДПМНЕ.

-Разочаран сум многу во однос на тоа како да се излезе од ова состојба. Одговорот е да пробаме со демократијата. По изборите, ако има коалиција изградена со 67 лица, тогаш тие треба да добијат можност да формираат Влада. А, ако тоа не функционира, тогаш ќе сугерирам да се гласа за другите следниот пат. Како што знаете, ВМРО не сака да се тргне. Затоа, јас мислам дека гласачите треба да знаат дека никој во ЕУ, дури ниту во европската партија на Груевски не ја поддржува таа политика. Гласачите треба да слушнат дека ова не е прашање за лево или десно, туку е прашање за демократија. Знам дека е сензитивно прашање за некои личности, но ние гледаме паралелно за тоа дали заедничко решение е можно. Но, на крајот е јасно, гласачите избраа и тие што се собраа треба да имаат шанса, порача Флекенштајн.

Поврзани новости