Државниот обвинител во одбрана на бизнисменот во бегство

by fokus

По неуспешната жалба на Апелација и притисокот со протести,  за спас на осомниениот бизнисмен Сеад Кочан , се активира и државното обвинителство на чело со Марко Зврлевски.

Oбвинителството  доставило барање до Врховниот суд, за заштита на законитоста за притворот на бизнисменот Кочан, потврдил за Алсат М, новиот претседател судот Јово Вангеловски.

Од ОЈО засега нема одговор зошто бараат највисокиот суд да ја преиспита одлуката за бизнименот, а нејасно е и дали воопшто Марко Зврлевски има надлежност да достави вакво барање до Врховен суд.

Инаку,  Кочан повеќе од две недели е во бегство, а по него се трага со меѓународна потерница. Органите на прогонот уште не му влегле во трага, а неговиот адвокат тврди дека е на службен пат.

За Кочан е издадено решение за притвор на барање на СЈО, кое го сомничи дека со фалсификувани документи наместил тендер во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Поврзани новости