ВМРО-ДПМНЕ со повик за протест пред МЗ, ќе бараат оставка од Филипче

by fokus

Градски комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да излезат на протест пред Министерството за здравство во сабота во 11:30 часот.

-Протест против срамот и неспособноста на Заев и Филипче! Оставка Филипче! Зоран Заев и Венко Филипче се причината за големиот беој на заразени и починати од КОВИД 19 од 1 јануари до денес. Заев и Филипче не обезбедија вакцини. Наместо вакцини, Заев и Филипче тргнаа по провизии. До толку се криминогени, што и од вакцини сакаат да земат провизија. И додека тие се мислат како да профитираат, Србија и земјите од соседството се лидери по имунизација.Условите се толку лоши што пациенти лежат до починати лица, други примаат инфузија во двор на болница, а трети не можат да дојдат на ред да влезат. Со Заев и Филипче Македонија ја проголта срам. Сабота 11.30 часот пред министерството за здравство, се вели во повикот.

Поврзани новости