Вработените во образованието, во училиштата, во градинките, имаат со Устав загарантирано право на штрајк. Синдикатот има обврска, но и морално право да го организира штрајкот. Наставниците имаат право на покачување на платите согласно Колективниот договор. Тие тоа и го заслужуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ кои го поддржа штрајкот на вработените во образованието.
-Владата, наместо да им се заканува и врши притисоци врз нив, треба да се потруди да ги исполни нивните барања, да го исполни тоа што им следи и да го исполни тоа што владата го прифатила со колективните договори.
ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа образложенија од Владата дека во буџетот нема средства. Средства има, но тие се трошат на апетисани, скапи есцајзи, нови возила, мебел, скапи ручеци и матни зделки на владините функционери.
Оваа влада не може, а и не сака да се справи со предизвиците кои ги носи ова тешко време. Нејзиното владеење се вози на грбот на работникот, кој одвај го издржува товарот, изјави Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.