Наместо метропола, градоначалникот Петре Шилегов од Скопје прави главна депонија, бидејќи 200 илјади тони отпад од Струга ќе бидат пренесени во скопската депонија Дрисла, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Под претпоставка да е стара десетина години, значи дека се работи за околу 200 илјади тони отпад од струшката депонија. 200 илјади тони отпад во распаѓање ќе биде пренесуван низ скопските улици и општини со цел да се транспортира во општината Студеничани, каде се наоѓа скопската депонија Дрисла. 200 илјади тони отпад се еколошка потенцијална бомба и извор на заразни болести за граѓаите“, соопштија од ДПМНЕ.
Од таму бараат Шилегов да понесе одговорност и да реагира пред да биде предоцна и пред да се случи еколошка катастрофа.
„Треба да одговори на прашањата: дали е спремен да превземе одговорност доколу се случи да има појава на заразни болести, чиви бизнис и политички интереси седат зад ваквата операција, дали се работи за политички пазар меѓу коалционите партнери на власт, што е со средствата со кој владата се фалеше дека ќе ја решава струшката депонија, дали бизнисот е повреден од човечкото здравје, и дали вака Шилегов ќе се бори за почист воздух за скопјани?“, прашаа од опозициската партија.