Филипче најави борба против лекарите без лиценци и вработување на медициснски сестри

by Фокус

Освен тоа што ќе вработиме медицински сестри каде што има потреба, правиме стратегија како тој број ќе го надополнуваме за да се избегне опасноста од тоа цели одделенија да се затвораат, без основа на бројот на медицинските сестри кои ќе се пензионираат или ќе заминат во приватните клиники, изјави министерот за здравство Венко Филипче, на одбележувањето на 5 мај – Денот на акушерките и медицинските сестри.

-Вашата професија бара постојана едукација и унапредување во струката и затоа медицинските сестри ќе ги задржиме во земјава со постојана едукација соработувајќи со престижни универзитетски центри – рече Филипче.

Тој додаде дека странски лекари без лиценци не смеат да работат во Македонија.

– Недозволиво е странски лекари, непријавени без лиценци, односно не знаеме воопшто имаат лиценци, да работат каде било во нашата држава. Тоа најстрого ќе го санкцинираме и ќе го спроведеме кон другите институции кои имаат ингеренции да се справат со таа работа – порача министерот за здравство.

Поврзани новости