Наместо Петре Шилегов да глуми градинар, да прави спектакли од поместување автобуски постојки и да глуми диџеј време е да сработи нешто, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Чистиот воздух и здравата животна средина за која зборува СДСМ останаа само мртво слово на хартија. Најуспешниот градоначалник што го имаше Скопје, Коце Трајановски само во неговиот мандат засади илјадници дрва и посади илјадници метри квадратни трева, нешто што Петре Шилегов може само да го замисли. Резултатот од четиримесечното неработење на Шилегов се десетиците негови луксузирања во странство и качувањето на Скопје на ранг листите на најзагадени градови. Очигледно воздухот што го ветуваше Шилегов никако да стигне до граѓаните“ – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.