Затвореникот кој утринава беше пронајден обесен во келија во притворското одделние на битолскиот затвор, е Илија Дарков кој лани ја уби својата сопруга Емануела. Според обвинението Илија ја убил својата сопруга со сукало, претепувајќи ја до смрт. Сопружниците зад себе ја оставија својата четиригодишната ќерка.
Според неофицијални информациии Илија се обесил на импровизирана врвка која ја составил од ќебиња и чорапи. Утринава тој беше пронајден мртов во келијата каде ја чекал одлуката на Апелација по однос на првостепената пресуда. Судот му пресуди 40 години затвор за убиство.
Дарков минатата година во полиција имаше пријавено дека ја пронашол сопругата падната на подот во дневната соба. Жртвата била целосно облиена во крв, особено во пределот на главата.
Притоа од увидот од СВР Битола било констатирано дека не се забележани траги од насилно влегување во станот. Според обвинителството, причина за свирепото убиство била семејна расправија.