Премиера на „Македонските Чарлиеви ангели“, документарец за специјалните јавни обвинители

by fokus

На белградската ТВ Н1 вечерва со почеток во 20.00 часот премиерот ќе биде прикажан документарниот филм со наслов „Македонските Чарлиевите ангели” за тимот обвинители од Специјалното јавно обвинителство.

Како што стои во најавата, во филмот британската новинарка Рејчел Рајт известува за борбата на трите обвинителки Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи за покревањето обвиненија против поранешни македонски функционери во последните шест недели, пред истекот на рокот што им е даден за да ја исполнат задачата.

„Во време на длабока и долготрајна политичка криза, три жени, специјални обвинителки, се појавија како симбол на вистината, правдата и на храброста. Станаа симбол и на шарената револуција. Имаа обврска да исполнат голема задача во краток временски период“, се вели во најавата за документарниот филм.

Од СЈО, пак, испратија корекција, дека документарниот филм се однесува на сите обвинители, а не само на трите најистакнати обвинителки.

„Документарниот филм претставува независно авторско дело чие снимање беше со дадена согласност на Специјалниот јавен обвинител. Во оваа прилика ѝ појаснуваме на јавноста дека филмот ја прикажува работата на сите обвинители во ова Јавно обвинителство, а меѓу кои се и јавните обвинители Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи, како и работата на целокупниот тим на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, се наведува во денешното соопштение од СЈО.

Поврзани новости