ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска ги трошеше парите за лични задоволства, сега и текна дека на војниците им требаат униформи

by fokus

Шекеринска ги трошеше парите на апетисани и лични задоволства па требаше да поминат 10 месеци за да се сети дека треба да се спроведат реформи во АРМ и да почне постапка за набавка за нови униформи за професионалните војници, обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако СДСМ и Шекеринска го презедоа Министерството за одбрана, армијата ја плаќа сметката за нивната неспособност, а работата ја бележат бројни скандали. јавноста беше сведок на скандалозната набавка на мазут од страна на Министерството за одбрана од фирма која воопшто не поседува лиценца за продажба на мазут. „Од Министерството не дадоа одговори како оваа фирма воопшто учествувала и како го добила тендерот. Касарните среде зима останаа без греење, па војниците мораше да смрзнуваат во најладните денови, а голем дел војници кои патуваат не можеа да стигнат до работните места бидејќи Министерството не потпиша договор за превоз на војниците. Негрижата за АРМ ја потврдува и тоа што во голем дел единици на АРМ недостигаат основни средства за работа и изведување обука. Тенковите станаа нефункционални поради немање масло и акумулатори , а комуникацискиот систем е разорен бидејќи не се изврши навремена набавка за батерии за радиоуредите.
Уште еден од низата скандали беше поставувањето на Горан Василевски за прв човек на военото разузнавање затоа што истиот претходно бил одбиван за безбедносен сертификат и паѓал на безбедносните проверки, за што се водела и постапка пред Управен суд. Никој не знае како човек со дамки во кариерата се стекна со безбедносен сертификат од највисок степен и дали истото беше награда заради неговото учество во шарената револуција, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости