Поскапуваат бензините и дизелот

by fokus 22:40
22:40

Од ноќеска на полноќ поскапуваат цените на бензините и дизел-горивото, одлучи Регулаторната комисија.

Цената на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува за два денари, а цените на „евросупер БС-98“ и дизелот се зголемуваат 1,50 денар. Ќе поскапи мазутот, што ќе се продава по 28,038 денари за килограм.

- Advertisements -

Како што информираат од Регулаторната комисија, новите повисоки цени на бензините се должат на повисоката цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период.

Поврзани новости