Лидерот на СДСМ Зоран Заев не сака да се огради од радикалните ставови на Зијадин Села, само за да ги добие неговите три гласа од кои му зависи парламентарното мнозинство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Села, човекот од кого зависи Парламентарно мнозинство на СДСМ и тиранската влада на Заев на изборите пред своите гласачи се обврза дека никогаш нема да се откаже Македонија да стане бинационална држава или во спротивност ќе бара федерализација на државата, а СДСМ и Заев одат по тенок мраз и не се откажуваат од Тиранската Платформа и упорно со тоа ја носат Македонија кон работ на бездна“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата на Никола Груевски повторија дека остануваат на понудата да му даде поддршка за формирање на влада на СДСМ ако се откаже од Тиранската Платформа, а во спротивно да се оддржат нови избори.