Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на денешната прес-конференција на Петре Шилегов од СДСМ, кој ја повика финансиската полиција да ги испита јавните набавки во сите општини во земјата.
– Со денешниот настап, Петре Шилегов потврди дека единствениот политичар аболиран за тежок криминал е смртно преплашен. Зоран Заев знае дека е повторно фатен во криминал. Затоа аболираниот криминалец Заев избегнува да излезе на ТВ-дуел со мене и јавно да ги соочиме аргументите за граѓаните да видат колку пари украл и на кој начин ги украл. Граѓаните треба да знаат како работата забегала до таму Струмица да плаќа двојно поскап превоз од Токио. Бледите настапи на Шилегов не може да бидат никакво оправдување за расипништвото на Заев и за богатењето на неговите блиски –порача пратеникот Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека секој што направил криминал ќе одговара за тоа и ги повика институциите да реагираат и да докажат дека сите граѓани се еднакви пред законот.