Шахпатска: Умираат бебиња, нема лекови, а власта крати пари од здравството

by fokus

Пратеничка од СДСМ и претседателка на собраниската Комисија за здравство, Јагода Шахпатска, денеска на прес конференција го критикуваше ребалансот на Буџетот и кратењето на средства кои беа предвидени за здравството.

-Новороденчиња умираат, родилки умираат, дијабетичарите немаат инсулин, болните од рак не ги добиваат најновите генерации лекови, по клиниките нема основни медицински материјали, амбулантите се руина – а власта на Груевски со ребалансот на буџетот крати 570 милиони денари за здравството. Крати пари предвидени за превенција на малигни болести. Крати дури 110 милиони денари за инсулин. Ова е доказ дека и понатаму ќе се набавува поевтин инсулин и со сомнителeн квалитет. Крати средства за дијализа, наброи Шахпатска.

Таа додаде дека нема пари кога е во прашање здравјето на граѓаните, но има пари кога се во прашање удобните фотелји во кои седат кадрите на Груевски.

Поврзани новости