ДПА: Ребалансот на Буџетот е антиалбанска политика на ДУИ и ДПМНЕ

by fokus 18:09
18:09

Антиалбанскатa владина политика на ДУИ-ВМРО, најјасно се гледа при донесувањето на буџетите и буџетските ребаланси, на прес конференција рече денеска пратеникот од ДПА, Беким Фазлиу.

-Единствениот случај кога Албанците се дискриминирани повеќе отколку при донесувањето на државниот буџет се случува кога се носи буџетскиот ребаланс, каде што и тие неколку проекти предвидени во буџетот во почетокот на годината се елиминираат преку ребалансот направен среде годината. Ова стана практика на 13-годишното владеење на ДУИ. Во почетокот на годината се одвојуваат малку средства кои што преку ребалансот се претвараат во ништо, рече Фазлиу.

Тој додаде дека ребалансот кој е доставен до парламентот за одобрување од страна на Владата на ДУИ- ВМРО продолжува да ги остава населените места со Албанци, без вода за пиење, без соодветни патишта, со уништен образовен систем и уништени здравствени установи.

Поврзани новости