ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска призна дека ЕУ ја критикува политиката на СДСM

by Фокус 14:33
14:33

Конечно после една недела лажење на јавноста, Радмила Шекеринска призна дека ЕУ ја критикува деструктивната политиката на СДСМ, со која му нанесува штета на угледот и евроинтегративниот процес на РМ, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ инспирирано од настапот на заменичката на Заев на „Алсат М“ телевизија.

„Радмила Шекеринска е политичар кој целата својата кариера ги аминувала штетните политики на нејзиниот ментор Бранко Црвенковски. Таа како и Бранко Црвенковски е подеднакво одговорна за криминалната транзиција, за приватизацијата, за упропастувањето на стопанството, за над 200-те илјади невработени и уште многу други погубни политики на СДСМ. Таа и денес, заедно со Зоран Заев спроведува деструктивни политики, кои се на штета на граѓаните и на самата Република Македонија. Очигледно дека Радмила Шекеринска, која го живее својот живот во луксуз, си доделува сама на себе огромни кирии, поседува скапи џипови и чанти, го има во целост изгубено контактот со реалноста. Таа не може да прифати дека политичарите како неа, граѓаните на РМ не ги поддржуваат. Таа е заглавена во една лажна реалност во која само раководтсвото на СДСМ верува, само и само, да се задржи на партиската функција. Затоа никој не ни очекува поинакво однесување и реторика од политичар од старата транзициска школа“, стои во реакцијата.

- Advertisements -

Поврзани новости