Откако денеска во дел од медиумите излегоа инфромации дека највениот антивладин протест на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на втори или трети јуни, од партијата за „Фокус“ велат дека кога деталите ќе бидат дефинирани, тогаш ќе бидат и соопштени.
На прашањето на „Фокус“ кога ќе се одржи антивладиниот протест и во каква форма, дали ќе биде еднодневен протест или повеќе последователни, од ВМРО-ДПМНЕ одговорија:
-Во моментот кога партијата ќе ги одреди деталите веднаш ќе бидат информирани медиумите и целокупната јавност во врска со датумот, како и ќе Ви бидат соопштени сите останати детали кои ќе бидат предмет на интерес.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека во партијата во тек е избор на локални раководства односно на претседатели на општински комитети.
-Планираме силни теренски активности, а дел од нив е и големиот народен митинг. Меѓу граѓаните, сакаме да ја пренесеме нашата порака, да ги претставиме нашите концепти кои ги градиме како ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ, вели Николоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред околу еден месец најави дека партијата ќе организира антивладини протести, а потоа го најави како еден масовен антивладин протест.
К.С.