МВР ги повика идните полицајци да не подлегнуваат на „невешти манипулации“, од први јуни ќе бидат ангажирани

by fokus

Кандидатите за полицајци од генерацијата 2017/18 година од 1 јуни 2018 година ќе бидат професионално ангажирани во Министерството за внатрешни работи како приправници.

Како што информира МВР, за таа цел веќе се обезбедени новите полициски униформи.

– Почитувани кандидати за полицајци од генерацијата 2017/18 година, Ве известуваме дека од 1 јуни 2018 година ќе започне вашиот професионален ангажман во Министерството за внатрешни работи како приправници. Апелираме да не подлегнувате на невешти обиди за манипулација поттикнати од нечии лични интереси, се вели во соопштението од МВР.

Поврзани новости