Ѕинго му дојде на ручек на Мицкоски иако неговите пратеници и прават кворум на СДСМ

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари работен ручек со претседателите и претставниците на политичките партии од коалицијата за Подобра Македонија.

Меѓу нив беше и Љубисав Иванов-Ѕинго од Социјалистичката партија, иако неговите пратениците минатата недела му помогнаа на владејачкото мнозинство да обезбеди кворум на пленарната седница.

-На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и во однос на процесот за изнаоѓање на решение за името со кој раководи владата на Република Македонија. Заедничка беше согласноста дека Владата не споделува информации и процесот на преговори за името го води на максимално нетранспарентен начин што одава впечаток дека се крие нешто од очите на јавноста. Токму затоа произлегува потребата од лидерска средба на која премиерот и министерот за надворешни работи би информирале за детали околу разговорите за името. Коалициските партнери изразија и загриженост за политичкиот терор кој го практикува власта, базиран на страв и владеење со уцени и заплашувања, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости