ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ вработува од платеничкиот список на СОРОС

by Fokus

Колку ќе ги чини македонските граѓани советникот Зоран Башановиќ и колку пари месечно ќе се двои од државниот буџет за советите, праша денеска Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Колку ќе чинат услугите на партискиот пајташ Митко Андреевски? Помалку или повеќе од тендерите кои ги добиваше со човек-фирма од Струмица гас? Дали тука му е ветен екстра профит или ќе продолжи неговата фирма да го цеди Струмица гас и буџетот на струмичани, а Андреевски ќе добива екстра пари од народот? Ова се прашања кои заслужуваат одговор. Не се работи за милионите на Вице или Зоран Заев, туку за пари на граѓаните – рече Стојаноски.

Според него, Заев и СДСМ продолжувале со целосна партизација на администрацијата и вработување на лица, од како што рече, платеничкиот список на Сорос.

Поврзани новости