Димовски: Заврши тиранијата на Живко Митревски

by fokus

По десет месеци синдикална битка, денеска профункционира правната држава за Сојузот на синдикати на Македонија, изјави новиот претседател на ССМ, Дарко Димовски, кој денеска ја презеде функцијата откако прво мораше да се избори за влез на своето ново работно место.

Официјалното примопредавање на кабинетот ќе се одржи денеска во 15.00 часот и досегашниот предводник на синдикалците, Живко Митревски, ќе му ја отстапи фотелјата на Димовски. За потсетување утринава по наредба на Митревски, обезбедувањето одбиваше да ги отвори вратите за новиот синдикален лидер иако Димовски со себе носеше решение од Централниот регистар каде е запишан како в.д. претседател.

-Десет месеци чекавме Централниот регистар на Република Македонија да го спроведе решението на Министерството за труд и социјална полигика. Денеска овластено лице на ССМ сум јас. Се слушна гласот на работниците и заврши тиранијата на Митревски. Во синдикалното движење почнува ново поглавје. Oд денескa јa применувaме пaрoлaтa Грoбaрoт нaдвoр, синдикaлците внaтре – изјави Димовски.

Тој најави дека против Живко Митревски ќе покренат постапка, бидејќи oд 2010. гoдинa неoвлaстенo пoтпишувaл oдлуки што дoсегa билo зaнемaрувaнo oд стрaнa нa сите министри.

Поврзани новости