Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата пратеничката од СДСМ, Шахпанска која рече дека здравствениот систем е во колапс, а нејзината партија се солидаризира со лекарите, кои денеска протестираа и бараа оставка од Тодоров.
Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека се зачудени од, според нив, лажната солидарност на СДСМ со докторите.
-Пратениците од СДСМ и денес, повторно не го осудија нападот врз докторот кој што се случи во Клиничкиот центар во Скопје. Не ни е јасно како СДСМ кажува дека се солидаризира со докторите и здравствените работници, а истовремено не го осудува овој вандалски и криминален настан и понатаму продолжува политички да го злоупотребува ваквиот немил настан за свои партиски цели и потреби, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.