СДСМ: Не е дозволиво одложување на обврските од Договорот

by Фокус

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, денеска се сретнаа со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Ернст Рејчел, придружуван од амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Кристине Д. Алтхаузер.

На средбата заедички било констатирано дека не се дозволиви доцнења и одложувања на обврските од договорот во Пржино и дека клучен предуслов за фер и демократски избори е доследно спроведување на Договорот.

-Фокусирани сме на реализација на договореното во Пржино. Очекувањата на граѓаните се фер и демократски избори и ние одлучно работиме кон таа цел од којашто нема да отстапиме – рекол Заев.

Поврзани новости