МВР го демантира пишувањето на „Курир“

by Фокус 15:14
15:14

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија го демантира текстот на порталот „Курир“, „Луксузни возила за себе и соработниците-прв приоритет на новиот министер за внатрешни работи“, од 11.11.2015 година. Од МВР потенцираат дека наводите во текстот се невистинити. Ви го пренесуваме соопштението во целост:

На новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски му беше доделено она што следува на неговиот кабинет согласно Правилникот за распределба , користење, одржување и обновување на возилата на Министерството за внатрешни работи, кој е донесен на 30.11.2009 година врз основа на член 55 од Законот за организација и работа на органите на државната управа.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Во Министерството за внатрешни работи, како што веќе информиравме, на 11.11.2015 година извршено е примопредавање на функцијата помеѓу претходниот министер м-р Митко Чавков и новиот министер Оливер Спасовски. Исто така, на оваа средба новиот министер беше запознаен со активностите и работната содржина на Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости