ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува да живее во паралелен универзум

by Фокус

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДСМ, во кое обвнува дека опозициската партија живее во паралелен универзум. Според нив, во тој паралелелн универзум постојат три индустриски зони во Струмица и 3000 вработувања кои ги вети Заев.

– Во тој паралелен универзум СДСМ нема подигано стотици милиони евра за кредити кои Македонија ги враќа и ден денес, а граѓаните ги виделе единствено на сликите од хациендите, јахтите и скапите автомобили на раководството на партијата. Надвор од паралелниот унивеерзум на СДСМ, „во вистинскиот живот во кој се живее, се работи и конечно – се гласа, ВМРО-ДПМНЕ отвори 140.000 нови работни места, донесе повеќе до 50 странски инвестиции, вложува речиси една милијарда евра во патиштата, 600 милиони евра во железницата, гради нови училишта, сали, градинки, театри, базени, купува нови автобуси, сади милиони дрва – се наведува во реакцијата на партијата на власт.

 

Поврзани новости