СДСМ: Груевски ги задолжи граѓаните со 817 милиони евра нови долгови и кредити

by Фокус

На крајот од мандатот, Никола Груевски предизборно, за само еден месец, сака да ги задолжи граѓаните со 817 милиони евра нови долгови и кредити коишто ќе ги враќаат идните генерации, реагираа од опозицискиот СДСМ.

Според нив, ова е уште само едно ново задолжување во низата задолжувања на ВМРО-ДПМНЕ

–  Обврзница од 500 милиони евра, новиот кредит од Ерсте и Дојче банка со околу 90 милиони евра, новиот кредит од ЕБОР од 181 милион евра, новото задолжување кај домашните банки од 42 милиони и 520 илјади евра за рефансирање, заемот од 3,5 милиони евра кај домашните кредитори“, или „вкупно 817 милиони евра за само еден месец.  Задолжувањето на Македонија веќе надминува 50% од БДП што е катастрофален показател. Македонија одамна го има надминато прагот на задолженост. Никола Груевски во изминатите 10 години потроши 630 милиони евра за споменици – се наведува во соопштението од СДСМ.

Според нив, Груевски наместо да ги задолжува граѓаните можел дел од овие 630 милиони евра да ги пренамени за изградба на нови фабрики и нови работни места, за нови патишта, градинки, болници, училишта, нови железнички линии, за чиста животна средина.

Поврзани новости