Протест пред општина Аеродром поради загадувањето

by Фокус

Педесетина граѓани денеска се собраа пред седиштето на Општина Аеродром да протестираат против големото загадување и да побараат локалната самоуправа да преземе соодветни мерки за да се заштити здравјето на граѓаните, пренесува „Мета“.

Игор Новески, координаторот на граѓанската иницијатива „Стоп за смрдеата во Аеродром и Ново Лисиче“, рече дека се загрижени за состојбата во целата земја и бараат властите на централно и на локално ниво повеќе да се заангажираат и да го решат овој проблем.

– Тука сме да го изразиме нашиот револт и да побараме од Општината сите да вложиме напори за да се најде решение за ова ситуација. На средбата повикавме и претставници од Општина Аеродром, но како што можам да забележам, тука нивни претставници сè уште нема – Новески.

Фото: Мета

Поврзани новости