637
Кандидатите за градоначалници кои денеска ги објави СДСМ се стари и истрошени кадри, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Онаму како што СДСМ сака да прикаже нови луѓе, поставува стари кадри познати по сменети и по десетина функции. На пример, Горан Сугарески за Прилеп или Душко Весковски, не може да биде ново лице, кога е веќе познат како лош директор на ЈП Водовод и канализација Скопје. Нови луѓе не се ниту кандидатите за Јегуновце, Брвеница, Чешиново и Облешево и Свети Николе – рече партискиот портпарол Наум Стоилковски.
Според него, во СДСМ има раскол.