ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ, кој го повика опозицискиот лидер Христијан Мицкоски да одговори за кои структури во Бугарија одработува во овој период.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека неговата прес-конференција е „беден спин за да не се види расколот во СДСМ и фактот дека премиерот во заминување Заев, освен владината ја губи и партиската столица“.
-Го молиме Костадинов да не зборува глупости. Нека го праша Заев каква тајна соработка има и колку чини идентитетот кој го распродава. И ќе го потсетиме дека Костадинов преставува партија, чиј лидер има приватни бизниси во Бугарија. Заев за лична корист ја продава Македонија. Не знаеме дали Костадинов како да е под некакви психотропни супстанци ама дефинитивно губи контрола на реалноста, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.