Во Хрватска речиси 60 починати, во БиХ над 40 жртви на коронавирусот

by Fokus

Во последните 24 часа здравствените власти во Хрватска и соседната Босна и Херцеговина забележале повторно високи бројки на починати лица во пандемијата од коронавирусот, а релативно помал број нови коронаинфекции имајќи предвид дека станува збор за денови на викендот кога вообичаено се спроведуваат помал број тестирања.

Во текот на последното деноноќие од саботата кон неделата, во Хрватска се забележани 2.919 нови сличаи на зараза со коронавирусот и 57 смртни исходи како последица на компликациите предизвикани од Covid-19, соопшти тамошниот Национален штаб на цивилнаа заштита.

Во последните 24 часа во Хрватска се тестирани 8.217 примероци, или вкупно 744.319 изведени тестови од почетокот на кризата.

Во моментов во земјата има вкупно 23.062 активни случаи на коронавирусот, од кои 2.273 лица се сместени на болничко лекување, од што на респиратори се 260 пациенти. Во самоизолација вкупно се 50.603 лица.

Од 25-ти февруари, кога во Хрватска официјално е потврден првиот случај на коронаинфекции, вкупно се потврдени 126.612 случаи, од кои починале 1.712 пациенти. Вкупно оздравени се 101.838 лица, од кои 3.373 во последните 24 часа.

Во Босна и Херцеговина, пак, во неделата е потврден сразмерно мал број од 644 новозаразени лица со короанвирусот, но и повторно висока показател од 44 смртни исходи.

Во целата БиХ, во последните 24 часа се тестирани малку повеќе од 1.600 примероци, а заразата е потврдена кај 573 лица од Федерацијата БиХ, кај 83 од Република Српска и кај уште осум лица од Дистриктот Брчко.

Во болниците во Федерацијата БиХ се пријавено 15 смртни случаи поврзани со Ковид-19, а во болниците во Република Српска уште 26 починати, додека во Брчки имало три смртни случаи.

Во работните денови во БиХ се тестираат просечно меѓу три и четири илјади примероци, а дневниот број на заразените изминатата седмица беше 1.500 по ден, па според здравствените власти тоа е знак дека епидемиолошката состојба малку се поправила, како и дека нема потреба од воведување дополнтилни рестриктивни мерки кои би ги погодиле стопанските и секторот на услугите. Сите угостителски објекти во БиХ работата до доцните ноќни часови, освен во Брчко.

Од избувнувањето на епидемијата во БиХ во март, досега се потврдени речиси 86.000 случаи на коронаинфекции, а починале 2.586 лица кај кои бил дијагностициран Ковид-19.

Поврзани новости