459
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат дека опозициската СДСМ повторно била фатена во лага и дека прочистувањето на избирачкиот список ја извадило на виделина деструктивноста и безидејноста на СДСМ.
-Методологијата која ја предложи самиот СДСМ покажа дека нема ниту 500.000, ниту 300.000 фантоми, туку се работи за обичен страв од соочување со граѓаните на избори и срамен обид да се најде некакво оправдување за да се пролонгира кризата и да се избега од изборите. Методологијата покажа дека има само 39.000 спорни гласачи меѓу кои и сестрата на Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Павле Трајанов, Мирјана Најчевска и голем број други личности за кои целокупната јавност знае дека не се фантоми, се вели во партиското соопштение.