Костовски бара ад хок телото да го разгледа известувањето на ТВ Нова од Ватикан

by fokus

Членот на ад хок телото за следење на медиумите, Љубомир Костовски, денеска рече дека известувањето на дел од телевизиите за време на цемеронијата во Ватикан каде Мајка Тереза беше прогласена светица било пример за целосно неизбалансирано известување, како и за групо кршење на принципот за поделба на партијата на власт од државата. Тој побара стручните служби во Агенцијата за медиуми да ги документираат овие настани, за да може потоа комисијата да се постапува.

-Проблематично беше што делегацијата иако ја водеше претседателот на државата, на ТВ Нова од него изјава немаше, но затоа во ударните вести се пренесуваше изјава од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски која траеше по половина час. Од другите претставници во делегацијата по една реченица, од опозицијата ниту една. Се добиваше впечаток дека Груевски е всушност премиер, што воопшто не е така. Ова е групо кршење на принципот на еднаквост и како и пример за мешање на државата и партијата на власт од највисок вид, рече Костовски.

Ад хок телото за следење на медиумите официјално со работа започна во петокот, а првиот извештај ќе треба да биде готов овој петок.

Поврзани новости