ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се контролира кога го напаѓа Груевски

by fokus

Откако СДСМ денеска праша зошто Никола Груевски за летувањето во Турција користи премиерски бенефиции, од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека опозициската партија била опседната со нивниот лидер.

-На чело со него ВМРО-ДПМНЕ извојува дури 9 изборни победи по ред, а СДСМ претрпе исто толку порази, соочувајќи се со очигледната недоверба кај мнозинството од народот. Затоа фрустрираноста во СДСМ е толку голема што веќе не можат ни самите себе да се контролираат кога го напаѓаат и обвинуваат Никола Груевски, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, според владејачката партија, не разбира дека народот гласа за оние кои ги решаваат неговите проблеми, кои носат инвеститори и отвораат нови работни места.

Поврзани новости