Пронајдено телото и на другиот сопружник во езерото Калиманци

by fokus

Полицијата потврди дека попладнево околу 18 часот во водата на езерото Калиманци е пронајдено телото на 41-годишниот Дејан С. од каменичка Дулица. Телото на неговата сопруга која било заедно со него во автомобилот беше пронајдено вчера.

Телото на Дејан е најдено внатре во потонатото возило и врз него немало знаци на насилство, а причина за смртта било давењето во водата.

Несреќата се случила по жестока расправија, после која двајцата тргнале со автомобилот по магистралниот пат кој ги поврзува Виница и Македонска Каменица. По патот мажот изгубил контрола врз возилото и најверојатно со автомобилот влетал во водите на езерото. Во близина на местото, како што информираат од МВР, биле забележани траги од возило кои воделе до езерото.

Поврзани новости