457
Околу 18 илјади спорни гласачи освен во базата на МВР ги нема во ниту една друга, за нив нема никакви податоци од 2009-та до 2015-та, 21 илјада пак имаат несповпаѓање во адресните податоци, а меѓу нив се голем број јавни личности, објасни денеска претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.
Тој информираше дека со надградување на веб апликацијата која е достапна на нивната интернет страница граѓаните ќе можат да видат како и зошто се нашле на списокот со спорни записи.
Од ДИК информираа дека до денеска вкупно 1.560 граѓани чиишто записи во избирачкиот список се спорни.