ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го достигна дното со именувањето на Сашо Тасевски за директор на Драмски

by fokus

Бесрамната партизација на институциите што СДС ја применува го достигна дното со именувањето на Сашо Тасевски за директор на Драмски театар, изјави на прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека СДСМ институциите ги гледа како можност да ги вдоми партиските војници, комичарите, твитер-ликовите и другите шарени револуционери, на сметка на професионалноста.

Според Затуроска министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, покажал дека не е заинтересиран за професионалците во областа на културата зашто ги отпуштал или ги деградирал.

„Не е заинтерсиран за културните дејци, нив ги навредува со укинување на признанијата, ама затоа е подготвен да наградува ликови како Сашо Тасевски со позиции, ликови чиј најголем дострел е безобразен статус на „Фејсбук“ или лична навреда упатена кон ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно, во културата, како и општо во секоја друга област, СДС се води од максимата кој повеќе плукал, навредувал и омаловажувал, тој да биде награден со повисока функција“, изјави Затуроска.

Поврзани новости