477
СДСM ги потцени и ги излажа докторите дека ќе добијат плата од 100.000 денари, изјави Светлана Колариќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Наместо ветената плата од 100.000 денари, докторите специјалисти од клиниките раководени од СДС ќе добијат само минимално покачување на платата од само 5 отсто, што не е ниту приближно до тоа што го ветуваа во предизборната програма. Тие во својата програма ветуваа покачување на платите за 15 отсто во првите 6 месеци, а после 6 месеци немаат покачено ниту 1 отсто плата на докторите – рече Колариќ.