ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се фати за работа наместо да се фали со редовните обврски на министерствата

by fokus

„Време е Владата предводена од СДС и нивните министри да се фати за работа и реализација на ветувањата кои им ги даде на граѓаните наместо да се фали со работи кои се нивна редовна должност и обврска. Исплатата на социјална помош, пензии, плати, субвенции е редовна обврска на министерствата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за соопштението на Министерството за труд и социјала.

Од партијата нагласуваат дека овие обврски ќе се исполнат и без ангажманот на министрите на СДС, бидејќи ова се редовни дневни активности на државната администрација.

„Улогата на министрите е многу поголема, а таа е да ги решаваат проблеми на граѓаните и да реализираат нови проекти. Не можејќи да се пофалат со нови проекти и мерки кои ги ветуваа во изборниот период, министрите на СДС пуштааат соопштенија за исполнување на редовни обврски.

Во тој контекст очекуваме скоро да се пофалат преку соопштение дека министрите дошле на работа во редовен работен ден, и дека одржале и седница на влада или дека институциите ги отвориле шалтерите благодарение на нивниот труд. Да не е трагичен, би било смешен обидот на СДС да покаже дека нешто работи“, додаваат во соопштението.

 

Поврзани новости