ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бараше да не се субвенционира чистењето на каналите

by fokus

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека СДСМ манипулира со јавноста кога бара повисока авансна отштета на поплавените, бидејќи како што тврдат, опозицијата претходно барала да се скратат субвенциите за чистењето на одводните канали.

-Јавноста денеска дозна дека советниците на СДСМ во февруари 2016 година на седница на Советот на Општина Гази Баба барале да не се субвенционира чистењето на одводните канали во општината и не гласале за одлуката. Пред камери глумат загриженост и хуманост, а зад камерите СДСМ гласа против помош за граѓаните- стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ветуваат дека за погодените во поплавените региони ќе има обесштетување од 100 отсто.

Поврзани новости