Унгарска компанија сака да ја гради Рајската градина во Скопје

by fokus

Голема унгарска државна компанија е заинтересирана за изградба на далеководот Битола-Елбасан, како и проектот „Рајска градина“ во Скопје, информира денеска новиот амбасадор на Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс, на средбата со министерот Дритон Кучи.

Проектот Рајска Градина ќе вреди 14 милиони евра, а ќе се наоѓа во скопската општина Аеродром.

Уште кога беше најавена, Рајската градина предизвика лавина реакции и негодувања во граѓанскиот сектор и опозициските политички партии, кои жестоко ја осудија идејата.

Реакциите од јавноста дополнително се разгорија по катастрофалното невреме во Скопје, по кое секојдневно се апелира до власта парите за Рајската градина и Панорамското тркало да се пренаменат за поплавените, наместо владата да ги обештетува со кредити.

Поврзани новости